Хрватската пејачка Јелена Розга во интервју за „Слободна Далмација“ проговори за плановите за иднината и семејството и откри дали сака да стане мајка.
Љубовниот живот на Јелена многумина ги интересира, а на прашањето дали нејзиното срце е зафатено, пејачката одговори: „Секогаш е зафатено“.
Таа ги спомнала внуката и внукот и открила дали размислува за тоа да има дете.
„Многу се гордеам со нив, мојата внука порасна во големо девојче кое знае што сака и си има свој пат, а внук ми е дете кое уште открива работи, премногу е сладок. Горда сум што се добри луѓе. Секако дека повеќе од се би сакала да имам свое дете“, рекла Јелена.
Таа ја споменала и ќерката на Хана Хуљиќ и Петар Грашо, малата Алба.
„Алба е прекрасна и убаво девојче, да ја бакнувате без престан“, рекла таа.