Видеата на кои се гледаат Жерар Пике (36) и неговата нова девојка Клара Чиа Марти (23) пред луксузен ресторан во Лос Анџелес станаа вирални. Очигледно сопственикот не ги пуштил во неговиот ресторан бидејќи е голем обожавател на Шакира.
„Клара Чиа и Пике сакаа да вечераат во ресторан во Лос Анџелес во сопственост на огромен обожавател на Шакира. Тој лично ги избрка“, се вели во описот на видеото на ТикТок на кое се гледа како парот се врти надвор од ресторанот, а потоа нервозно влегува во автомобилот и заминува.
„Ресторанот е негов, може да исфрли кого сака“, „Сопственикот на ресторанот и е поверен на Шакира отколку што некогаш бил Пике“, „Еве што се случува кога јадеш џем од јагоди“, „Клара го доби тоа што го заслужи“, „Требаше да ги пушти внатре и цело време да ја пушта песната на Шакира“, се дел од коментарите.
Инаку, Пике неодамна на Инстаграм ја објави првата заедничка фотографија со својата нова девојка која предизвика бројни негативни коментари бидејќи наводно ја изневерил Шакира со неа. Многумина му велеа дека „ги уништува животите на своите деца“ и дека „треба да се срами од себе“.