Моника Белучи има ново момче (ФОТО)

by Тони Зографски

Францускиот весник Paris Match објави дека режисерот Тим ​​Бартон и Моника Белучи се во емотивна врска.

Серијата фотографии, како и изјавите на неколку извори блиски до споменатиот медиум, тврдат дека Моника и Том се нов филмски пар. Врската помеѓу режисерот и италијанската дива отиде под радар, а сега целата романса исплива на површина.

Тие првпат се сретнале во Кан уште во 2006 година, но флертот почна лани во октомври на филмскиот фестивал Лумиер во Лион. И двајцата имаа бурни љубовни приказни – Моника Белучи беше во брак со Винсент Касел четиринаесет години, а Тим Бартон имаше долга врска со Хелена Бонам Картер. И двајцата се во добри односи со бившите. Моника секогаш добро зборува за таткото на своите ќерки. Тим пак има две деца со поранешната сопруга Хелен Бонам Картер.

Monica Bellucci, love story con Tim Burton: la copertina di Paris-Match -  Gazzetta di Parma

останати вести