Бразилската актерка Клаудија Раја не можела да поверува кога лекарите ѝ ја соопштиле веста дека е бремена на 56 години.
„Кога лекарот ме праша дали сум направила Бета ХЦГ тест, кој открива бременост врз основа на анализа на крвта, мислев дека полудел“, се присетила таа на Инстаграм.
Актерката не можела да ги дочека резултатите од анализата на крвта, па купила обичен тест за бременост од аптека. Следувал шок.
„Тестот покажа дека сум три недели бремена. Навистина мислев дека тоа не е возможно во мои години“, додала.
Меѓутоа, набрзо се помирила со среќната вест. Раја, која во декември наполнила 56 години, во саботата го родила синот Лука. Тој ѝ е прво дете со третиот сопруг Жарбас Омем ди Мел, за кого се омажила во 2018 година. Мајка е и на две поголеми деца, Енца (25) и Софи (20).
Медиумите пренесуваат дека Раја неодамна имала неуспешен обид за вонтелесно оплодување. Па затоа, било вистинско чудо што забременила по природен пат на 56 години. Била уверена дека во тој период поминувала низ менопауза.
Клаудија, наводно, ги замолила жените да имаат повеќе емпатија за време на телевизиските интервјуа во Бразил кога разговарала за некои од реакциите што ги добила. Само неколку месеци подоцна, отворила апликација за споделување фотографии за да ги открие возбудливите вести за безбедното раѓање на Лука.