Кејт Мидлтон и принцот Вилијам вчеравечер се појавиле на доделувањето на наградите БАФТА, а нејзиниот необичен потег на црвениот тепих стана хит на интернет.
Имено, додека чекореле заедно, Кејт зборувала со Вилијам и во еден момент го „плеснала“ по задникот, а потоа се насмеала додека Вилијам збунето ја погледнал. Нејзиниот потег насмеа многумина, а видеото стана вирално на социјалните мрежи.
Луѓето забележале дека војвотката сакала да го фати Вилијам за рака, но тој ја повлекол, по што насмеаната Мидлтон го „потапкала“ по задникот.