Амбасадорот на Србија во Полска, Небојша Кошутиќ, во Вилнус, каде што нема српска амбасада, му ги предаде акредитивните писма на претседателот на Литванија, Гитанас Науседа. И веројатно ќе беше една од поздодевните вести оваа недела доколку оваа фотографија не беше направена за време на примопредавањето на тоа писмо:
Амбасадорот Кошутиќ изгледа го надраснал својот костум, но тоа не го спречил оптимистички да го закопча пред фотографирањето и да стане вирален хит. „Првото копче на Србија“, „Српската дипломатија на сликата“, „Пред и по центрифугата на 1200 вртежи“, се само дел од коментарите, а амбасадорот стана предмет на бројни мемиња.
За да се обиде да ја ублажи штетата предизвикана од „аферата со копчиња“, амбасадата потоа го отсече долниот дел од фотографијата на официјалната веб-страница за да не може да се види оделото, но веќе беше доцна за Интернет.