Бразилската одбојкарка, Кејла Алвес Рамаљо позната како Кејт Алвес е голема ѕвезда на Инстаграм каде што има над 2.3 милион следбеници, меѓутоа нејзината најголема заробтка доаѓа од „Оnly Fans“ каде што објавува свои фотографии и снимки.
„Сакале или не, денес ми носи најмногу пари. Се сметам за спортистка, модел, инфлуенсерка, деловна жена и претприемач“, вели одбојкарката во интервју за О Глобо. На споменатата страница таа вели дека споделува само фотографии и видеа кои би ги објавила во манекенски магазин. Нема голотија, вели таа.
Сега таа даде интервју за бразилскиот „Глобо“, а најмногу го привлече вниманието со делот каде што зборуваше за Нејмар. Имено, таа тврди дека Нејмар сакал „спие“ со нејзе, но и нејзината сестра.
Таа откри дека ако ја прашал само неа веројатно сега ќе била во Париз.
„Знаете ли што и кажал на сестра ми? Кој знае, можеби ќе завршам со двете. Јас и сестра ми разговараме за се. Зарем навистина мислеше дека нема да си кажеме? Да не и ја испратеше пораката и да ми се јавеше само мене, веројатно веќе би била во Париз“, признала Кејт.