Најскандалозната ревија во рамките на модната Недела во Њујорк без дилема била ревијата на брендот „Black Tap Project“ на која на пистата прошетале манекенки речиси без облека на нив додека нивните најинтимни делови ги скриле со лепливи ленти.
Модели со различни облици на телото и големини, славејќи ја женската фигура во секое издание, прилично храбро профилирале по пистата носејќи на себе само ленти специјално направени за нивното тело, оставајќи притоа простор за фантазија.
Секоја манекенка имала различно позиционирани ленти, некои имале повеќе, некои помалку, некои носеле и украси во вид на ланчиња или реси, некои биле залепени со класична црна лента, додека пак други на себе имале виолетови ленти, зелени, златни…
Зад идејата на „Black Tap Project“ стои дизајнерот Џоел Алварез од Мајами, по потекло од Куба, којшто себеси се опишува како творец на правецот „tape art“. Својата умешност прво ја нудел на локалните танчарки, морал да направи таков дизајн којшто нема да се распадне и со сигурност ќе ги покрие најинтимните делови од телото.
На тој начин ја усовршил техниката и направил доволно квалитетен и цврст материјал којшто не може лесно да се одлепи. Со текот на времето неговиот бизнис станал популарен, а на крај стигнал и до модната Недела во Њујорк.
Алварез својата вештина дефинитивно ја претворил во совршен потфат – тој продава карти за своите ревии по цена од 999 долари, а во цената е вклучено ВИП искуство во бекстејџот, односно набљудување на местото каде ги создава своите креации.
Тој ги продава и овие лепливи ленти за тело на својата веб-страница, а цените се движат од 9,99 до 29,99 долари по дизајн.