Голди Хоун (77) и Курт Расел (71) се еден од најдолговечните холивудски парови со интересна љубовна приказна.
Легендарниот актер и актерка биле фотографирани на прошетка на Менхетен на Денот на вљубените. Тие оделе прегрнати, се смешкале и разговарале. Во еден момент направиле пауза од шетањето и не можеле да престанат да се смеат, додека Голди му покажувала нешто на Курт на телефонот.
Инаку двајцата се заедно од 1983 година, а ги споило снимањето на романтичната драма „Swing Shift“. Сепак тие се познавале од претходно, благодарение на снимањето на филмот „The One and Only, Genuine, Original Family Band“.
Хоун била воодушевена од Расел уште од првиот пат кога го сретнала, но неговите години на почетокот ја одбивале.
„Имав 21 година, а тој имаше само 16. Го сметав за неодолив, но и премлад за мене. Кога повторно се сретнавме по неколку години, веднаш ми се допадна, а во истиот момент се присетив колку ми се допаѓаше и претходно. И двајцата ветивме дека никогаш повеќе нема да имаме врски со други актери, но никогаш не вели никогаш“, раскажала Голди во една прилика.
„Она што ме убеди дека тој е вистинскиот беше кога го гледав неговиот однос со моите деца кога доаѓаа на посета на снимањето на филмот. Беше неверојатен со нив“, изјавила таа.
Заедно го имаат синот Вајат Расел (36) кој тргнал по нивните стапки и се занимава со актерство. Хоун во една прилика ја открила и тајната на нивната долга врска.
„Љубов, благодарност и емпатија бидејќи понекогаш секој маж и секоја жена ќе полуди од својот партнер. Семејството, среќата, смеата и сексот се клуч на успешен однос“, вели Голди.
Парот има хармоничен однос и одбива да „заплови“ во брачните води.
„Бракот е интересна психолошка работа. Доколку сакате да бидете со него, важно е да се венчате со него. Но, доколку имате независност и доволно (сопствени) пари и ја цените слободата, тогаш е подобро да не стапувате во брак. Курт и јас заеднички одлучивме да останеме во врска и тоа е најдобрата одлука која некогаш сме ја донеле”, објаснила Голди.
„Заљубени сме и среќни заедно. Се сакаме, но се караме баш како и сите други парови. Го сакаме животот кој го имаме заедно“, изјавила актерката.
Интересно е што Курт има подобар однос со децата на Голди, ќерката Кејт Хадсон и синот Оливер Хадсон, отколку што тие имаат со нивниот татко Бил Хадсон. Голди од Хадсон се разведе во 1982 година, а пред него беше во брак со актерот Гас Триконис.
За разлика од неа, Курт никогаш не бил во брак и остана вечен ерген. Тој го има синот Бостон (42) кој е асистент на филмска продукција, кој го доби со актерката Сизон Хабли.