Францускиот Ди-џеј, Дејвид Гета се врати кај својата љубовница Џесика Ледон и тоа на „Денот на заљубените“.
Парот е виден на Флорида како разменуваат бакнежи на плажа додека Џесика блескаше од среќа.
Со години се шпекулираше дека Гета се препородил покрај својата млада љубовница која од него направи вистински фраер. А по неколку години врска врска одлучил да стави крај и да продолжи напред. Сепак, по се изгледа не можел да најде соодветна замена бидејќи Ди-џејот и се вратил на Џесика.
Во јавноста се шпекулираше дека Џесика сакала брак, а Гета бил против тоа. Да се потсетиме, неговиот прв брак беше постар од самата Џесика. Во знак на љубовта, Дејвид на Џесика и подарил прстен на верноста и посветеноста, но по се изгледа тоа не било доволно.