Фудбалер крвнички ја претепал девојката затоа што го фатила во кревет со две проститутки (ФОТО)

by Тони Зографски

Еквадорскиот фудбалер Кристијан Нобоа крвнички ја претепал својата девојка Кевијам Касо откако таа го фатила во кревет со две проститутки.

Kevijam Kaso

Немилиот инцидент во кој згодната русокоса добила ќотек се случил во Дубаи. Несреќната жена Кевијам Касо во солзи емитуваше видео во живо на својот Инстаграм-профил и ги покажа модриците и лузните.

Таа откри дека нејзиното момче Кристијан Нобоа ја удрил најмалку десет пати по лицето и телото. Кевиам Касо е поранешна фудбалерка од Еквадор, се бави со фитнес и сопственичка е на компанија за извоз на морска храна. Таа е мајка на два сина и една ќерка.

Kevijam Kaso

Кевијам Касо, открила и дека ова не е прв пат Кристијан да ја тепа. Претходно била тепана, но молчела.

Парот на социјалните мрежи споделувал видеа и заеднички фотографии на 12 февруари, уживајќи со друштво. Се претпоставува дека инцидентот се случил подоцна, поточно во ноќта меѓу неделата и понеделникот.

Kristijan Noboa

Кристијан Нобоа (37) ги негираше зборовите на својата девојка, односно тврди дека не ја тепал.

– Беше пијана и лута. Не бев со неа таа вечер. Бев во друг хотел во Дубаи. Никого не изневерив и никого не тепав. Сите знаат дека не сум таков човек. Јас сум секогаш љубезен кон луѓето. Ова е многу тешка ситуација, не би сакал никој да биде во неа, изјавил Нобоа за порталот Спорт-Експрес.

Kevijam Kaso

Кристијан Нобоа е член на рускиот клуб Сочи. Кариерата ја започнал во родниот Еквадор, во клубот Емелек. Од 2007 година игра во Русија каде беше член на Рубин, Динамо Москва, Ростов и Зенит. Тој помина една сезона во Грција играјќи за ПАОК.

Kristijan Noboa

Од 2009 година, Кристијан Нобоа е член на фудбалската репрезентација на Еквадор, за која одигра 83 натпревари и постигна четири гола.

Претходно, Нобоа беше во брак со Русинката Олга Романова, со која има два сина, Кристофер и Лукас.

останати вести