Вработен во казиното Crown Towers Perth, во Австралија, успеал одеднаш да скрши два скапи Lamborghini Aventadora вредни вкупно милион долари, удирајќи го едниот во другиот автомобил.
Автомобилите биле во сопственост на милијардерот Лоренцо Ескаланте, кој во тоа време престојувал во неговото казино Краун Тауерс, а работникот задолжен за паркирање на возилата на гостите, му ја расипал вечерта несмасно возејќи ги возилата.
Инцидентот се случил во средата, некој успеал да ја сними целата случка, а на крајот ја споделил џиу-џицу играчот Крег Џонс. „Сега навистина се зае*ав“, рекол несреќниот човек кој ги скршил автомобилите. „Друже, ги скрши браниците на колите“, му вели човекот зад камерата.
Вработениот во паркинг службата се обидел да објасни дека ги измешал контролите и притиснал гас наместо кочница, но изговорите му биле залудни, штетата била огромна.