Наскоро треба да бидат објавени мемоарите на Пол Њуман кои настанале врз основа на интервјуто кое го снимил со пријателите и семејството.
Пол Њуман и Џоан Вудворд биле славни, актерски пар од златното доба на Холивуд, а нивниот брак траел 50 години, до неговата смрт.
Актерот којшто важел за секс-симбол и жените го обожувале се прославил во филмовите „The Sting“, „The Hustler“ и „Butch Cassidy and Sundance Kid“.
Тој починал на 26 септември 2008 година од канцер на белите дробови на 83-годишна возраст, а дека е болен се дознало три месеци пред неговата смрт поради тоа што не сакал тоа јавноста да го знае. Самиот тој за тоа дознал 18 месеци пред да почине.
Интересно е тоа што актерот во 80-тите години снимил интервју со своите пријатели и семејството за да остане нешто за него освен филмовите, а единственото правило е дека сите морале да ја зборуваат вистината.
Спорен снимките напишана е и биографијата на Пол „The Extraordinary Life of An Ordinary Man: A Memoir“ која би требало да биде објавена месецов.
Тој исто така кажал дека не се чувствувал секси додека не ја запознал својата сопруга во 1953 година кога и двајцата биле замени во претстава на Бродвеј. На прв поглед на актерот не му се допаѓала неговата сопруга.
„Џоан создаде сексуално суштество. Секаде имаше страст, во хотелите и јавните паркови и изнајмени колиби“, раскажал Пол.
Актерот во тоа време бил оженет со неговата прва сопруга Џеки Вит со која имал три деца, но не можел да ја запре привлечноста кон Џоан и парот започнал бурна афера која тој ја опишал како „брутална за неговото семејство“.
Тој се развел од Џеки во 1958 година и набрзо потоа се венчал со Вудворд. Актерот раскажал дека една вечер се вратил во нивниот дом во Беверли Хилс и открил дека Џоан уредила соба надвор од нивната главна соба.
„Ми кажа гордо: Јас го нарекувам ова колиба каде ќе имаме секс. Тоа е направено со таква љубов и воодушевување. Дури и кога децата ќе дојдат, ќе одевме во таа колиба неколку ноќи неделно за да бидеме интимни, бучни и груби“, открил Пол.
Парот заедно ги имал ќерките Нел, Клер и Мелиса, а подоцна се преселил во Конектикат. Но, не било сè добро во нивниот брак затоа што актерот често пиел.
„Џоан и јас секогаш се излудувавме еден со друг на различни начини. Но сите престапи, предавства, тешкотии некако ги изедначувавме во текот на годината“, изјавил Пол.
За нивниот однос проговорила и ќерката Клер.
„Се караа и тоа некогаш беше драматично, но исто така многу се бореа да останат заедно. Некогаш нивниот брак беше прилично блиску до крајот, но напорно работеа на тоа. На крај останаа заедно“, изјавила таа.
Таа исто така изјавила дека татко ѝ многу сакал да направи мемоари за луѓето да видат како самиот себе тој се гледал.
„Тој тоа го правеше за нас за да може да ја разјасни бајката и да ја раскаже вистинската приказна“, истакнала таа.