Ентони Хопкинс на 31 декември наполни 85 години, но тоа не го спречува да шири оптимизам и среќа каде и да се појави. Овие негови зборови се прераскажуваат со години, а многумина ги сметаат за еден вид мантра:
„Апелирам до очајните млади луѓе.
Верувај ми. Читав, повеќе не се ни сеќавам каде точно, за некој шаман. Имало суша – говедата умирале, луѓето умирале. А шаманот рекол: „Направете ровови. Копајте ровови за дожд“.
„Но, нема дожд“, извикувале луѓето.
Неверниците ќе речат дека ова е глупост. Добро, верувајте што сакате. Ова е рационално размислување. Но, мислам дека рационалното размислување не функционира во моментов. Потребно ви е ирационално размислување, потсвеста! Кога бев мал, сонував да станам ова што сум сега. Можеби имав визија, не знам. Не очекував многу, но ми се случи она за што сонував. И сега цврсто верувам во моќта на желбата.
Затоа – ископајте ровови! Што и да одлучите да правите, верувајте во тоа, верувајте во тоа, верувајте во тоа. Ако не верувате, преправајте се дека верувате. Однесувајте се како да верувате. Ова е сила. Ова е апсолутна моќ. И тогаш тоа ќе се случи. Верувај ми мене, стара будала. Она што функционираше во мојот живот – ќе функционира и во вашиот. Никогаш не се откажувајте! Верувајте, верувајте, верувајте!“