Сопругата на најдобриот светски тенисер секојдневно се соочува со многу предизвици во бракот.
Јелена Ѓоковиќ често истакнува дека со родителството почнала да се занимава уште пред да стане мајка, преку работата со нејзината фондација.
Мислела дека теоретското знаење ќе ѝ помогне еден ден да се реализира во улогата на мајка, но освен книгите, и животот ја научил многу.
“Мислев дека сето тоа ќе ми дојде спонтано и лесно, но сфатив дека и животот има да ме научи многу – вели Јелена Ѓоковиќ.
“Три години по почетокот на нашата врска, стигнавме до пресвртница. Одлучивте да живееме заедно. Но ми беше тешко да се најде работа во Монако. Сè беше „затворено“, но успеав да се вработив во нафтена компанија – раскажа Јелена за почетните денови во Монако.
“Работев таму една година и тоа беше невозможна мисија за нашата врска. Новак во еден момент ми рече дека не можеме веќе така. Додека студирав, точно знаев кога сум слободна и кога можам да му се посветам. На работа, деновите ги поминував во канцеларија и нашата врска беше ставена на тест. Затоа баравме друго решение – изјави Јелена за „Стори“.
Оттогаш сè е многу полесно во врската на Новак и Јелена Ѓоковиќ, кои се венчаа во 2014 година, а подоцна ги добија синот Стефан и ќерката Тара.
Тие сега уживаат во еден од најхармоничните бракови на славните!