Бијонсе го собори рекордот за најмногу освоени Греми награди во историјата.
Бијонсе ја освои наградата за најдобар денс/електронски албум во текот на ноќта, за нејзиниот последен албум „Renaissance“. Со оваа награда таа го освои 32 Греми.
Рекордот за најмногу освоени награди не беше соборен повеќе од 20 години, а го држеше унгарско-британскиот диригент Џорџ Солти со 31 Греми.
-Ќе се обидам да бидам помалку емотивна, само сакам да ја впијам оваа ноќ – рече Бијонсе во својот говор.
Бијонсе на почетокот на вечерта ја доби наградата за најдобра ар-ен-би песна, но не можеше да ја прими наградата затоа што беше заглавена во сообраќај. Наместо тоа, наградата ја примија музичарите Териус Неш и Нил Роџерс. Публиката беше воодушевена од ова, а водителот Тревор Ноа веднаш објасни што се случува.
– Бијонсе е на пат. Доброта работа од одржувањето на Греми во Лос Анџелес е што секој може да биде тука, лошата работа е сообраќајот во Лос Анџелес – објасни тој, а Бијонсе ја доби првата награда на својата маса.
Инаку, Адел беше помеѓу најдобро облечените на црвениот тепих.
За разлика од Адел, најголема бура на социјалните мрежи предизвика пејачката Лизо. Таа се појави во чудна креација од модната куќа „Долче и Габана“, а станува збор за огромна портокалова наметка со цветови и гломазна качулка. Под неа таа носела корсет-фустан којшто го истакнал длабокото деколте, а со кој сакала да докаже дека нема да ги толерира наметнатите стандарди по кои тесните фустани не им се дозволени на оние со вишок килограми.