Канадската полиција објави видео на кое се гледа инцидент кој се случил пред неколку дена во градот Лавал. Сè уште непознати сторители украле автомобил „ауди А4“ од 2011 година, возеле 550 километри до трговскиот центар Вон Милс и потоа се провозеле низ центарот. По лудило во кое за среќа никој не е повреден, тие го напуштиле автомобилот и побегнале.
We’re going to call a flag on this one.
Early this morning a 2011 Black Audi A4 with Quebec licence plate X10 SNP smashed through Vaughan Mills. Two suspects committed a break and enter and fled.
If you have any information on this vehicle or the suspects, please call police. pic.twitter.com/m358aeD3G3
— York Regional Police (@YRP) February 1, 2023
Како што информира полицискиот портпарол Клинт Витни, овој вандалски чин предизвикал голема материјална штета, а идентитетот на сторителите се уште не е откриен. Полицијата известила дека сторителите застанале во специјализирана продавница за електроника од каде украле непозната количина стока.
Сопственичката на Ауди открила дека автомобилот ѝ бил украден неколку дена претходно, откако го рекламирала преку Фејсбук. Неименуван „купувач“ го украл Аудито по тест возењето.