И покрај тоа што изгледа одлично во петтата деценија, Викторија Бекам направи контраефект обидувајќи се да покаже како се негува.
Многумина веруваат дека таа же „ладна“ дама, со оглед на тоа што отсекогаш делувала непристапно, но се чини дека годините кај поранешната членка на „Спајс Грлс“ си го зеле своето. Обидувајќи се да покаже дека е непосредна, 48-годишната Пош Спајс во голема мера ги користи социјалните мрежи, и истовремено ги рекламира производите од својата козметичка линија.
Неодамна, таа за своите обожаватели ја сподели својата секојдневна рутина за нега на кожата и шминка. За потребите на снимањето на видеото, наводно Викторија ја отстранила целата шминка и го открила својот беспрекорен тен.
Покрај видеото, поранешната членка на Спајс Грлс напишала дека „нема шминка, само серум за зајакнување на кожата и хидратантна крема што ги подмладува клетките“.
Сепак, се чини дека меѓу нејзините придружници има такви кои знаат како изгледа кожа без шминка, па ѝ укажаа на тоа дека нејзиното издание не е баш природно, истакнувајќи дека сопругата на поранешниот фудбалски ас на Англија, Дејвид Бекам, има коректор и пудра. Тие ѝ порачаа дека овие два производа секако се вбројуваат во шминка.
– Престани да лажеш! Покажи се во реално светло ако имаш самопочит! – е само еден од коментарите на видно разочараните корисници на мрежата.
Имаше и „поостри“ коментари кои ѝ порачаа на Викторија Бекам дека на младите девојки, кои допрва созреваат и треба да го прифатат својот изглед, им испраќа погрешна слика.