Денеска ќе се најдат во продажба мемоарите на канадско-американска актерка, фото-модел и продуцентка Памела Андерсон. Поранешната ѕвезда на серијата „Чувари на плажата“ за својата книга вели дека е многу повеќе од секс – приказна. Мемоарите „Love Pamela“ излегуваат на ист ден со документарниот филм на Нетфликс „Pamela, a Love Story“.
Ден пред промоцијата Андерсон откри уште еден момент од нејзиниот живот и случувања кој е раскажан во нејзините мемоари. Актерката во една прилика била сведок како актерот Џек Николсон бил во „тројка“ во „Плејбој замокот“, пишува „Њујорк Пост“.
„Сите се кикотеа и се бакнуваа наслонети на ѕидот, триејќи се еден од друг. Поминав покрај огледалото, се наведнав над мијалникот да го поправам сјајот за усни. Се обидов да не гледам, но не можев да се воздржам и го фатив неговиот поглед во одразот. Претпоставувам дека тоа му помогна „да ја заврши работата“ затоа што испушти смешен звук, се насмевна и рече: ‘Ти благодарам драга’“.
Андерсон се прослави со улогата во американската серија „Чувари на плажата“ во која го играше ликот на Си Џеј Паркер. Актерката според некои важи за секс симбол на деведесеттите. Има американско и канадско државјанство.