Шпанската кралица Летиција доживеала непријатност на приемот на странски дипломати.
При приемот на странските дипломати во шпанскиот двор, амбасадорот на Исламската република Иран, Хасан Гашгави го привлекол вниманието од јавност, бидејќи не се ракувал со кралицата Летиција, иако сите останати го направиле тоа. Тој се ракувал со шпанскиот крал Филип, додека покрај неговата сопруга само поминал.
Светските медиуми овој гест го пренесуваат како намерно понижување. Според изразот на лицето на Летиција може да се заклучи дека не била задоволна, но ни таа не му подала рака на иранскиот амбасадор.
Џуди Џејмс, инаку експерт за говор на тело, истакнала дека тука станува збор за придржување до иранските социјални норми.
„Кога станува збор за нивната култура, тука не е вообичаено мажи и жени да се ракуваат, освен во случај кога жената прва ќе подаде рака, а мажот сака да го возврати тој гест. Жената е таа која поттикнува ракување, а мажот одлучува дали ќе возврати или не. Најсигурно за кралицата беше воопшто да не ја подаде раката за да избегне непријатност, како што и направи“, истакнала Џуди.
Кралицата Летиција не му пружила рака на амбасадорот, веројатно во обид да избегне непријатност, вели Џуди.
El comentado saludo del embajador de Irán a Letizia https://t.co/b83TCLrv4u pic.twitter.com/dEAzpud5f3
— EL MUNDO (@elmundoes) January 25, 2023