Љубовната врска на Бланка Бланко (41) и Џон Севиџ (73) важи за една од најстабилните, а и покрај тоа што тој е дури 3 децении постар од неа, актерот се чувствува како младич, па разликата во годините е речиси незабележлива.
Актерската двојка се запознала на снимање, а фактот што се колеги им донел многу придобивки, пред сè разбирање за природата на нивната работа.
„Многу добро ја разбираме природата на нашата работа, брзите снимања и напорниот распоред. Некој што не е во оваа приказна тешко би можел да го разбере ова на вистинскиот начин. Ние сме си голема емоционална поддршка еден на друг“, открил Џон во една пригода.
и хармоничниот однос,
И покрај големата љубов љубовната врска на актерската двојка често била на удар на негативни коментари поради големата разлика во годините, а пред извесно време почнале да кружат гласини дека актерката го изневерува, откако испливале нејзини фотографии со мистериозен маж
Бланка моментално ужива во убавините на морето и сонцето на Карибите. Во таа пригода го покажала своето атрактивно тело и облините. Се чини дека актерот е вистински среќник, со оглед на тоа што покрај себе има привлечна бринета поради која многу мажи му завидуваат.