На модната недела во Париз, француската модна куќа Диор ја претстави својата колекција на машка облека Dior Homme, но господата од првите редови го украдоа шоуто!
Овој настан ги собра најголемите имиња во светскиот шоубизнис, па така во публиката ги видовме актерката Гвендолин Кристи, музичарката Кортни Лав, манекенките Наоми Кембел и Карли Клос, актерите Еди Редмејн и Роберт Патинсон, кој пристигнаа во здолниште и високите чорапи…
Меѓу мажите кои дојдоа да ги дознаат трендовите во следните сезони беше и поранешниот британски фудбалер Дејвид Бекам, кој беше стилизиран за десетка (како и секогаш!).
Тој на модната ревија пристигна во придружба на Викторија и нивниот 17-годишен син Круз, и повторно беше пример за совршена машка елеганција и префинетост.
Бекам се појави во костум, чиј клучен дел е предимензионирано сако на преклоп, кое дефинитивно можеме да замислиме да го носат дамите.