Доџа Кат можеби е позната по експериментирањето кога станува збор за стилот, но кога се појави на модната недела во Париз, никој не ја препозна.
Кога пристигна на Модната недела во Париз, на ревијата на модната куќа Скиаперели, пејачката Доџ Кат (27) беше непрепознатлива. Заедно со Кајли Џенер таа привлече најголемо внимание на овој настан.
„Осликана“ во црвено од глава до пети, во костим кој се спојуваше со бојата на кожата на нејзиното лице и тело, никој не можеше да ја препознае пејачката.
Доџа покажа дека и овој пат е вистинска кралица на драмата кога прошета со долга марама која ја влечеше по црвениот тепих. Пејачката изгледаше како да излегла од научно-фантастичен филм додека носеше креација на модната куќа Скиапарели, позната по неконвенционалните дизајни како оние што ги носеа Ким Кардашијан и Бијонсе.
А зошто пејачката одлучила да ја носи оваа креација можеби доаѓа од фактот што веќе некое време се бори со смртни закани од обожавател кој ја гони и ѝ се заканува секој ден. Доџа веќе го пријавила случајот во полиција, но се уште не е откриено како се развива случајот и дали и влегле во трага на нејзиниот „фан“.