Арон и Сем Тејлор Џонсон важат за еден од најсреќните парови во Холивуд, а нивниот брак долго време им одолеваше на шпекулациите и контроверзите како последица на фактот што оваа 55-годишна продуцентка и режисерка е постара од својот сопруг дури 23 години.
Но, неодамна се појавија првите гласини за неверство – згодниот актер наводно ја изневерил сопругата со помладата колешка Џои Кинг (23) со која се појавува во хит-филмот „Bullet Train“.
Верувале или не, гласините започнале на ТикТок, а набрзо станале вирални и завршиле во сите светски медиуми.
Неименувани извори тврдат дека Џои и Арон се зближиле во текот на јули минатата година во Париз, каде го промовирале споменатиот филм.
Дека ова сепак е тврдење без докази сведочи и фактот што во тој момент во француската престолнина друштво на Арон му правела и неговата сопруга Сем. Исто така и самата Џои е во среќна врска, таа во март 2022 година се верила со продуцентот Стивен Пијет.
Инаку, Арон сопругата Сем (55) ја запознал во 2008 година кога имал само 18 години. Во моментот на запознавање оваа режисерка имала 42 години, но актерот тврди дека истиот момент кога ја видел знаел дека таа е неговата сродна душа и дека сака со неа да го помине својот живот.
„Веднаш знаев дека Сем е мојата сродна душа. Веднаш знаев дека сакам да го поминам остатокот од мојот живот со таа жена. Добро се сеќавам на тој ден, како и на денот кога ја запросив“.
Познатиот Британец акцентирал и дека никогаш не ја почувствувал разликата во годините меѓу себе и својата избраничка, објаснувајќи дека не можел да ја спореди ниту со една своја врсничка кога имал 19 години затоа што веќе тогаш живеел живот којшто немал врска со стандардите на растење.
„Знаев дека сакам семејство со неа, знаев дека сакам деца и еден месец подоцна нè чекаше нашето прво дете“, изјавил тој.
„Никогаш ниту една секунда не почувствував раздор помеѓу нас заради годините“, додал Арон и истакнал дека убавата русокоса е поенергична од него.
Инаку, парот има две деца 12-годишната Вајлд и 10-годишниот Роми, а Сем од претходниот брак има уште две ќерки.
Интересно е и дека презимето Тејлор-Џонсон кое од венчањето и двајцата го носат всушност е комбинација на нивните презимиња кои ги имале пред да застанат пред олтарот.
me to joey king after she hooked up with aaron taylor johnson and possibly broke up his marriage with granny groomerpic.twitter.com/DFu498FXdP
— abbi (@abbiwrestling) January 18, 2023