Најжешката хрватска навивачка, атрактивната Ивана Кнол е „уловена “ на приватна забава на големиот холивудски заводник Леонардо Ди Каприо.
Ивана Кнол сподели жешки фотографии од американскиот брег, по кои коментарите не престануваат.
Откако ја воодушеви публиката на Мундијалот и привлече огромно внимание на луѓето во Катар со своите жешки комбинации, сексапилната хрватска навивачка отпатува во Америка.
Папараците неодамна ја уловија на приватната забава на познатиот актер Леонардо ди Каприо.
Фотографијата од забавата на која позира со раперот Дрејк предизвика бројни шпекулации за потенцијална романса, а таа возврати со разголени слики за кои се уште се зборува.
Жешката Хрватка сега предизвика лавина реакции со топлес фотографијата што ја сподели на својот Инстаграм.
Ивана позираше во плитко, облечена само во мали гаќички во светло сина боја. Седна на стол, ги покри голите гради со раце и ги запали мрежите!