Памела Андерсон отворено зборувала за тоа дека имала тешко детство и дека неколку пати била жртва на сексуално злоставување.
Ѕвездата на серијата „Baywatch“, Памела Андерсон неодамна за магазинот „People“ прогворила за своето тешко детство и дека била жртва на сексуално злоставување.
Како што наведува, првобитно била злоставувана од дадилката, а потоа на 12 години ја силувал маж.
„Во мојот случај тоа беше дадилката која многу рано ме сексуализираше, ме тераше да играм чудни игри на нејзиното тело. Ми се закани никому да не кажувам“, изјавила Андерсон.
Андерсон наведува дека во сето тоа настојувала да го заштити својот брат како и тоа тој да не го доживее тоа што го преживеала таа. Долго време ѝ било срам поради сè што се случило, но признала дека тоа ја направило посилна и со тоа сакала да им порача на сите кои поминале низ слични ситуации дека не се сами.
Да ве потсетиме, оваа 55-годишна актерка на 31 јануари ќе го претстави својот емотивен живот во документарецот „Pamela, A Love Story“. Како што вели таа е подготвена да го разоткрие својот личен живот затоа што во 2023 година ќе се случи тоа луѓето да го запознаат нејзиното вистинско лице.
Документарецот содржи искрена исповед за нејзините шест пропаднати бракови, а продукцијата ќе работи на нејзините сега веќе пораснати синови Брандон и Дилан Ли кои ги добила со Томи Ли. Токму нејзините синови заслужни се за тоа што ќе се објави документарецот.