JA “БРКАШЕ“ КАМЕРАТА: Симпатичен гаф на водителката на Би-Би-Си (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Водителката на Би-Би-Си, Викторија Валентин доживеала незгода за време на пренос во живо, а снимката од нејзината „трка“ со камерата ја споделила на Твитер.
Необичен проблем и се случил на водителката на британскиот јавен сервис кога една од роботските камери решила да „тргне по својот пат“.
Додека првично водителката била во фокус, камерата се префрлила на другата страна и водителката морала да „трча“ по неа за да остане во кадар.
На крајот, камерата се фокусирала на масата на водителката, каде што морала да се пресели и Викторија.

останати вести