Мис Велс била итно пренесена во болница откако се здобила со сериозни повреди во страшната сообраќајна несреќа денес.
Дерси Корија (21), како што е нејзиното вистинско име, доживеала сообраќајна несреќа кај Бриџенд, во Јужен Велс.
Ѕвездата на популарното натпреварување скршила две коски на вратот и карлицата.
Организаторите на Мис Велс нагласија дека нејзиното семејство е цело време со неа и дека најверојатно целосно ќе закрепне
Корија беше крунисана за Мис Велс 2022 година во мај минатата година и требаше да го претставува Велс на овогодишниот Мис на светот, кој ќе се одржи за четири месеци.
Таа стана првата Афроамериканка која победила на натпреварот од 1997 година и е активен борец за правата на Афроамериканците.
Сообраќајот е прекинат во областа на несреќата, бидејќи службите за итни случаи продолжуваат да истражуваат како дошло до инцидентот.
„Се занимаваме со сериозен сообраќаен судир, поради карактерот на несреќата го затворивме целиот пат“, соопштија од полицијата.