Бред Пит е голем љубител на тетоважи.
Често ги крие на снимањата, премиерите и деловните обврски, но во приватниот живот Бред Пит изгледа само бара слободни места на своето тело каде засекогаш би можел да втисне мотиви со важно значење за него.
Така, неговото тело носи голема колекција на тетоважи, а мотивите се различни: од песна од 13 век до животни, некои посветени на неговите деца, а некои дури и на Анџелина Џоли, која исто така е голем љубител на тетоважи.
На левата подлактица, Пит има една од своите први тетоважи: француски израз што во превод значи „животот е апсурден“. Неколку години подоцна, на левата страна од цитатот, тој додал тетоважа од најстарата мумија во светот, Оци, Ледениот човек. Подолу е зборот Invictus (што на латински значи непобедлив), напишан со задебелени големи букви.
Посебно интересни се тетоважите посветени на семејството, чиј дел некогаш беше и Анџелина Џоли, а една тетоважа посветена на неа се уште е дел од неговото тело.
На десната рака има истетовирано долга, тенка и вертикална линија која се вкрстува со хоризонтална линија веднаш под зглобот во форма на крст. На левата страна на крстот е напишана буквата А како Анџелина, а на десната страна се иницијалите на сите нивни шест деца: М за Медокс, П за Пакс, З за Захара, С за Шајло, К за Нокс и V за Вивиен.
Со оглед на тоа дека е голем колекционер на мотоцикли, има една тетоважа на левата подлактица. На грбот ги истетовирал линиите што ги нацртала поранешната сопруга, а на стомакот имал тетоважа посветена на Анџелина. Сепак, најновите фотографии сугерираат дека тие ги отстранил.
Некогаш на долниот дел на стомакот го напишал нејзиниот роденден на кмерски, официјалниот јазик на Камбоџа, каде што е роден Медокс. Сега на тој дел има голема тетоважа на „Алфа“ и „Омега“, чие значење е поврзано со верата.
Пред неговата венчавка со Џоли во 2014 година, Пит имал тетовиран англиски превод на текстот на Руми на внатрешната страна на неговиот десен бицепс. Тој гласи: „Има поле, надвор од сите концепти за добро и зло. Ќе се сретнеме таму“. До песната на Руми е црна силуета на човек кој стои над неговата сенка.
Во јули 2022 година, Пит го шокираше светот на модата облекувајќи здолниште, а во таа прилика покажа две очигледно нови тетоважи. На едната нога била скицирана контура на глава на носорог, а на другата човечки череп во ист стил.
Ова секако не се сите негови тетоважи бидејќи немаме можност да ги видиме оние на другите делови од телото.