Пејачката Доли Партон веќе 57 години ужива во бракот со Карл Томас Дин, кој вешто ја одбегнува јавноста. Доли и Карлс се заедно вкупно 60 години и тој за време на целиот тој период успешно го одбегнувал вниманието на јавноста, па многумина се шегуваат дека не постои, а ретко кој знае како изгледа.
Меѓутоа, пејачката неретко се шегува на таа сметка, велејќи дека си се имаат смачено еден на друг по толку години заеднички живот
„Јас и сопругот сме 57 години заедно, 54 години сме во брак и мене ми е смачено од него, а сигурна сум дека и нему од мене“, се пошегувала Партон пред три години.
Многумина се прашуваат зошто сопруга на пејачката не се појавува со неа, а таа конечно проговорила за тоа и искрено признала дека Карл не е таков тип и дека не сака многу да се дружи.
„Тој е самотник и не сака да се дружи со никого освен со мене, но кога сум дома. Тој не е тип за излегување и социјализација“, рекла пејачката и додала:
„Сака да живее на фармата и со години се грижи за нашиот имот“.
Нивната љубов опстанала и по 60 години, а таа открила каков е нивниот однос и како се согласуваат.
„Одлично функционираме заедно. Многу се сакаме и цениме, и мислам дека тоа е клучно. И двајцата имаме откачена смисла за хумор, па и одлично се забавуваме“, раскажала пејачката.
Доли и Карл немаат деца, а таа еднаш има кажано дека размислувале за родителство.
„Кога штотуку се венчавме, разговаравме за тоа како би изгледала нашата ќерка, дали би била висока како него или ниска како мене. Кога би имале девојче, би го носело името Карла“, раскажала таа.
Но со текот на времето сфатиле дека не им е судено.
„Драго ни е на некој начин. Мислам дека би била одлична мајка. Веројатно би се откажала од сè поради децата, бидејќи би чувствувала вина кога би ги оставала дома и би одела на турнеи. Сè би се сменило. Веројатно никогаш не би била ѕвезда, па можеби и подобро е што е вака“, рекла Доли.