Салма Хаек неодамна објави своја фотографија на Инстаграм, а вниманието на јавноста го привлече нејзиното „испеглано“ лице.
Оваа 56-годишна актерка изгледаше непрепознатливо, а нејзините многубројни обожаватели беа многу разочарани.
Како што пишува „Daily Mail“, следбениците на Салма оставиле различни коментари на споменатата социјална мрежа, а меѓу нив имало забележливи и бројни критики за нејзиниот изглед. Наместо 56 години, актерката изгледала како да има 25, а со оваа постапка ја деградирала убавината на стареењето.
„Кој е ова?“, „Изгледаш како да имаш 25 години“, „Колку години има таа“, „Изгледаш убаво, затоа престани да користиш ‘face tunning’ (апликација за корекции на лицето), ова излегува од контрола“, беа само некои.