ДАНСКИОТ АКТЕР МАДС МИКЕЛСЕН СИТЕ ГО САКААТ: Има 57 години, а изгледа подобро од кога и да е (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Данскиот актер Мадс Микелсен важи за еден од најпрепознатливите Европејци во Холивуд, но во текот на последните години дојде до статус на светски позната ѕвезда, иако во различни улоги го гледаме веќе три децении.

Мадс не е класичен убавец, но има и многу фина, машка енергија и специфична појава која со години станала уште поистакната.

Овој 57-годишен актер е еден од оние мажи којшто одлично старее, на којшто зрелоста едноставно му прилега и го прави уште посексапилен и позаводлив. Тој пред неколку денови се појавил во Милано на Недела на машката мода, воодушевувајќи ја публиката во фантастично, монохроматско издание.

Mads Miklelsen

Микелсен во Милано прошетал во црни, тренди панталони, црна кошула и маица, црн долг капут, со цигара во раката, а оваа сцена буквално ги распаметила неговите обожавателки – Твитер во последните три дена е преполн со впечатоци за славниот Данец.

„Мојата сексуална ориентација е Мадс Микелсен“, „Овој човек заслужува да биде најпознат на светот“, „Не познавам никој којшто подобро старее од него“, „Колку е убав…“, „Можам со часови да ги гледам неговите фотографии и да не ми здодее“, „За мене ова е совршен маж“, „Крал“, биле само дел од коментарите.

И додека жените ширум светот лудуваат по Мадс, тој 35 години ѝ е верен само на една жена. Имено тој е заедно со пет години постарата колешка Хана Јакобсен, а парот има и две деца, синот Карло и ќерката Вајола.

останати вести