Синот на Анџелина Џоли и Бред Пит, 19-годишната Пакс Џоли-Пит гради уметничка кариера под псевдонимот Ембто и ја подготвува својата прва изложба во Тел Авив, Израел, пишуваат странските медиуми.
Тој наводно е заинтересиран за процесите на дигитални и мешани медиуми, а неговите дела се апстрактни.
Засега се уште не е познато колку тој бара неговите дела и каде на друго место би можел да ги изложи.
Според „The Sun“, младиот уметник е срамежлив и не сакал да дојде на сопствената матура поради папараците. Тој е познат како најтаинственото дете на поранешната двојка и многу повеќе се знае за неговите сестри Захара, Шајло и Вивиен и братот Нокс.
Потсетуваме, иако поминаа шест години од еден од најпознатите холивудски разводи, Анџелина Џоли и Бред Пит, поранешните сопружници се уште не можат да постигнат договор за старателството над децата.