700
Златан носел класично одело и трпеливо позирал пред фотографите, додека пак Хелена блескала во златниот фустан со посебен прорез на грбот и крагна која паѓа.
Златан Ибрахимовиќ се појавил на премиерата на филмот „Астерикс и Обеликс“ во Париз, а ова воедно му била и прва улога во некое остварување, па многумина се запрашале дали овој човек својата кариера ќе ја продолжи на големото платно.

Ибрахимовиќ се појавил со својата сопруга Хелена Сегер, па тие двајца во тандем веднаш го привлекле вниманието.

Хелена привлекува внимание на секој чекор со оглед на тоа што има 52 години, па многу помладите девојки ѝ завидуваат на совршениот изглед за кој таа редовно се грижи.
Инаку, Златан глуми негативец во филмот „Астерикс и Обеликс“ којшто публиката со нетрпение го очекува.


