Сандра Булок е една од оние актерки за кои лесно може да се каже дека годините застанале.
Пресудна улога недвосмислено игра генетиката, како и скапите креми и препарати, а нема сомнеж дека во сѐ ѝ помогнала естетската хирургија, со тоа што за разлика од многу други, не претерала.
А кога последен пат беше фотографирана во јавност, многумина останаа во целосен шок бидејќи иако има 58 години, тоа не би се кажало.
Се чини дека актерката го пронашла еликсирот на младоста, а во една прилика открила што е всушност заслужно за нејзиниот младешки изглед и кожа без брчки, а не е за оние со слаб стомак.
Имено, Сандра Булок зборувала за сѐ пред четири години кога во емисијата на познатата Елен Деџенерис зборуваше за третманот наречен EGF (Epidermal Growth Factor).
Според различни медицински списанија, EGF е протеин кој природно се наоѓа во човечката кожа и помага во производството на колаген и еластин кои ја одржуваат кожата младешка и цврста. Како што старееме, почнуваме да го губиме EGF со кој сме родени.
Во овој третман на кожата се нанесува EGF крема, а потоа преку неа се поминуваат микродермални игли за хранливите материи што подлабоко да навлезат во епидермисот.
„Продира во кожата, го разградува колагенот и ја прави посилна, а еден ден изгледате како жртва на изгореници“, вели Булок, која сакала промена на кожата без изложување на ласери и други слични видови третмани.
EGF не само што ја подмладува кожата, туку влијае и на промената на текстурата, а дамките и хиперпигментацијата исчезнуваат. Одличен е и за заздравување на рани и лузни, што го прави идеален за зрела кожа и брчки. И сето тоа би било одлично доколку немаше објаснување зошто се вика „Лице за пенис“.
Бидејќи третманот вклучува употреба на органски „фактори за раст на епидермисот“, лекарите морале да најдат начин да го извлечат од кожата на бебињата. За таа цел се користат матични клетки земени од отфрлената кожичка на пенисите на новороденчињата во Кореја.
Светот останал шокиран кога дознал од каде е оваа „чудотворна“ крема, а некои како Сандра Булок се подготвени на сѐ за убавина.