Познато е дека сопругата на најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ води многу сметка за својот живот и поради тоа е доста активна физички.
Јелена неретко со своите обожаватели на социјалните мрежи дели совети за тренирање и како да остане во топ-форма иако тоа обврските не и го дозволуваат секогаш.
Така, особен интерес, Јелена предизвика со видеото објавено на Инстаграм, на кое се гледа како тренира стилизирани вежби од бразилската боречка вештина, капоера.
„Кога Пулмао ќе испрати домашна задача… Благодарам што не им даваш да станам мрзелива“ – напишала таа како коментар на видеото.
Видеото воодушеви многумина, како поради тренингот, така и поради нејзината неверојатна фигура, која очигледно се должи на напорните тренинзи.