На неодамнешното доделување на „златните глобуси“ во Лос Анџелес, Џесика Честејн буквално блесна на црвениот килим.
Познатата 45-годишна дама го избра брендот Оскар де ла Рента, кој отсекогаш бил синоним за исконска елеганција, па не е чудно што на светот му понуди совршена дефиниција за гламурот во овој фустан.
Оваа прекрасна, светкава тоалета доаѓа во тон на кожата, но највпечатлив детаљ е кристалната мрежа која го покрива целиот фустан.
Биле потребни 585 часа рачен вез и 16.000 искршени кристали за овој фустан да ја види светлината на денот, така што ова не е само мода, туку уметничко ремек-дело.