Еден од најдобрите светски фудбалери Килијан Мбапе често е во центарот на вниманието на медиумите поради неговиот турбулентен љубовен живот. Францускиот напаѓач наводно почнал да излегува со Стефани Роуз Бертрам откако ставил крај на повеќемесечната врска со трансродовиот модел Инес Рау.
Шпанска „Марка“ сега објави дека најдобриот стрелец од Мундијалот во Катар, Мбапе почнал да излегува со Белгијка, а уште поинтересно е што оваа 28-годишна манекенка веќе била во врска со фудбалер на Пари Сен Жермен.
Убавата Стефани била во љубовна романса со Грегори ван дер Вил, во времето кога тој беше член на богатиот ПСЖ. Таа наводно била и во Катар, иако не само за Мбапе, туку и за модната ревија.