ТАА Е ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ХОЛИВУДСКИ ЗАВОДНИЧКИ: Нејзиниот стил секогаш остава без здив (ФОТО)

by Тони Зографски
На наградите на The National Board of Review 2023 во Њујорк, актерката Сијена Милер беше кралица на вечерта.Таа за оваа свечена пригода избра slip фустан, модел кој беше многу популарен во текот на деведесетите. Креацијата е со цветен дезен и максимално ја истакнува нејзината фигура.

Фустанот е со потпис на дизајнерката Алесандра Рич, а актерката парчето го искомбинирала со сребрени сандали и синџир околу колковите.

Инаку, Сијена Милер важи за една од најголемите заводнички во Холивуд, а сега се забавува со 15 години помладиот дечко Оли Грин. Нејзиниот љубовен живот е како филм. Таа беше во врска со еден од најголемите миленици на жените – Џуд Лоу. Нивната свршувачка заврши скандалозно, имено, Џуд ја изневерил со дадилката, а набрзо добил дете со келнерката Саманта Бурк. Деталите за измамата протекоа во јавноста и во длабочина го засенија сето она што Милер го правеше на професионален план.

Медиумите тврдеа дека имала афера со актерот Даниел Крег, а Сијена по целата приказна влегла во романса со театарскиот актер Том Старинџ, со кој подоцна ја добила ќерката Марла.

Foto: Profimedia/Kristin Callahan/Everett Collection

Sijena miler na dodeli nagrada The National Board of Review 2023

Sijena miler na dodeli nagrada The National Board of Review 2023

останати вести