80-годишниот Роберт Де Ниро со 45-годишната девојка на вечера во Белата куќа (ФОТО)

by Тони Зографски

Роберт Де Ниро и Тифани Чен беа специјални гости на вечера во Белата куќа.

80-годишниот актер и неговата 45-годишна девојка, кои пред една година добија ќеркичка, беа фотографирани додека фатени за рака пристигнуваа на свечениот настан.

Вечерата била организирана од претседателот Џо Бајден и неговата сопруга Џил во чест на јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Роберт и Тифани се заедно од 2021 година, а неодамна го прославија првиот роденден на ќеркичката Џиа. Таа е нивно прво заедничко дете.

Де Ниро има уште шест деца од претходни врски.

останати вести