Актерот Чарлс Денс (77), ѕвезда на глобално популарните серии „Game of Thrones“ и „The Crown“, и неговата 22 години помлада девојка Алесандра Маси, позната италијанска актерка, целосно ја шокираа светската јавност со новите папарацо фотографии за време на лежерната посета на нудистичка плажа на популарниот шпански остров Форментерa.
Чарлс, кој во одлична форма ја „гази“ осмата деценија од животот, очигледно не се грижи за своето појавување во јавноста и постоењето на бројни папарацо фотографи кои го следат на секој чекор, па прилично се опуштил на плажа во популарното шпанско летувалиште и на своите бројни обожаватели им овозможил „увид“ во неговото голо тело.
Бидејќи со него била и неговата 55-годишна колешка Алесандра, како негова нова љубовна избраничка, публиката не останала „ускратена“ од погледот ниту на нејзиното извајано тело.
И додека тие безгрижно се капеле и сончале, фотографите ја снимиле секоја педа од нивните тела и интимните делови, а овековечените сцени молскавично ја обиколија планетата.
Инаку, парот се запознал на снимањето на неговиот филм од 2020 година наречен „The Book of Vision“, во кој глумат и двајцата, а познатиот актер тогаш за британските медиуми изјавил дека е „среќен што доживеал нова љубов токму со неа“.
Денс, кој го игра вујкото на кралот Чарлс, лорд Луис Маунтбатен во серијата „The Crown“, неодамна откри дека неговиот брак со вајарката Џоан Хајторн се распаднал по 34 години бидејќи им подлегнал на искушенијата и често ја изневерувал, а официјално се разделија дамнешната 2004 година.
Чарлс Денс има две деца со поранешната сопруга – синот Оливер (50) и ќерката Ребека (44).