На Боатенг ќе му се суди оти ја претепал девојка му

by Тони Зографски

Дефанзивецот на Баерн, Жером Боатенг ќе мора да се појави на судот во Минхен поради обвинение за семејно насилство.

“Германскиот суд во Минхен одлучи дека ветеранот на Баерн, Џером Боатенг ќе мора да одговара за обвинението за домашно насилство. Поранешниот германски репрезентативец ќе биде суден за „мали намерни телесни повреди“, потврди портпаролот на судот, Клаус-Петер Јингст.

Триесетгодишниот дефанзивец е обвинет дека ја претепал својата поранешна девојка, со која бил десет години, а заедно имаат две деца, односно, близначки.

Истрагата е отворена во есента 2018 година, но сега ѕвездата на Баерн ќе мора да се појави на суд.

останати вести