Холивудскиот глумец Џон Траволта (66) се појави во реклама со својата ќерка Ела Траволта (20), каде ги покажа своите танчерски способности, кои сè уште ги поседува.
Станува збор за реклама во пресрет на овогодинешниот „Супер Боул“, во која се појавуваат бројни познати актери и еден холивудски познат фитнес инструктор, а може да се види и како јавните личности се забавуваат во нивниот дом за време на пандемијата на коронавирусот.
Џон Траволта го изведе танцот од филмот “Брилјантин“ од 1978 година кој го играше заедно со Оливија Њутн Џон.
Видеото може да се погледа овде: