750 ЕВРА МЕСЕЧНО: Еве како изгледа да се живее во стан од 9 квадрати во Париз (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Кирија за стан од 9 квадрати во француската престолнина Париз чини 750 евра. Да се живее во овој град воопшто не е евтино. Гарсоњера може да се најде за цена од 1.000 до 2.400 евра.

Млад Јутјубер, попознат по прекарот Тимвикс, живеел во Париз во микро-стан и раскажа како изгледа да се престојува во толку мал простор. Тоалет нема во станот, туку тој е во ходникот и го дели со соседот.  Станот има кревет, шпорет со мијалник и мал фрижидер, биро – па дури и туш кабина. Има и место за складирање на лични предмети – од облека до прехранбени производи, тенџериња и слично.

Освен релативно ниската кирија за Париз, најдобриот дел од овој стан е погледот. Не само што големиот прозорец визуелно го зголемува просторот, туку нуди и поглед на Ајфеловата кула. Поради близината до центарот на градот и метро станиците, многу е лесно да се стигне до кој било дел од Париз.

Инаку, Франција пред неколку години беше земја со најголем број туристички посети во светот.

останати вести