20-годишната дадилка од британскиот Виндсор, Леа Кордис заврши в затвор откако се дозна дека била во врска со 13-годишник со кого дури има и дете.
Леа која е мажена а која во тоа време имала 17 години родила дете откако два пати неделно во текот на една година имала сексуални односи со малолетник. Нејзиниот сопруг верувал дека детето е негово, но ДНК тестовите покажаа оти малолетникот е биолошкиот татко.
Случајот овие денови заврши на суд, а малолетникот чиј идентитет сѐ уште не е откриен кажал оти таа влегувала во неговата соба додека играл на компјутер и му ги соблекувала гаќите.
-Ми рече дека треба да имаме секс и да се сакаме. Сакаше тоа да го правиме. Сега ми се чини дека воопшто не и бев важен, рекол малолетникот.
Тие во врска биле околу една година пред да почне да се шпекулира за врската, а неговата мајка пријавила кај надлежните.
Најпрво ги демантирала обвинувањата, но откако е направен ДНК тест се покажало дека детето е татко на нејзината ќерка, па тогаш рекла дека ја силувал.
Сепак, биле прегледани и дигиталните докази, односно пораки кои таа му ги испраќала нему, и кадешто му вели дека ѝ се допаѓа.
Судот ја прогласи за виновна за сексуални односи со дете и е осудена на 30 месеци во поправна установа.