“НАРОДЊАК“ НА САН РЕМО: Со “Јутро је“ од Нада Топчагиќ, Ибрахимовиќ се појави на сцената (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Златан Ибрахимовиќ се појави на сцената на италијанскиот фестивал Санремо со воведните тактови на песната „Јутро је“ на српската пејачка Нада Топчагиќ.

Ибрахимовиќ, инаку фудбалер на моментално второпласираниот тим на Серија А, Милан, ќе биде еден од домаќините на најголемиот италијански музички фестивал, а неговото појавување на сцената било придружено со музиката од оваа песна.

Изборот на организаторите секако не бил случаен, имајќи предвид дека Ибра претходно постави видео на кое се весели во карантин со една од најпопуларните српски народни песни.

Инаку. фестивалот на италијанската канцона Сан Ремо од синоќа стартуваше со своето 71 издание, на кое Ибрахимовиќ ќе има и дует во четврток со српската легенда Синиша Михајловиќ, како специјални гости, а ќе пеат хит од пред пола век – Вагабондо.

останати вести