Во дуќанот на Хусеин Џума Абдула кој има потекло од нашите краишта, а кој се наоѓа во Дизелдорф, Германија, газдата и берберите не биле сигурни дали новиот муштерија е токму тој, славниот Стинг. За да се осигураат дали е славната мега-ѕвезда, направиле трик – пуштиле музика од Стинг во дуќанот.

Тогаш Стинг им шепнал: „Ова сум јас!“, вели Сивер Рада (27), бербер, за „Рајнише пост“.

Според него, гитаристот на Стинг бил во истиот дуќан пред две недели. А пред да заминат за Лион, очигледно му го препорачал берберскиот дуќан на Хусеин.

Инаку песната што му ја пуштиле на Стинг за да проверат дали е тој е “Shape Of My Heart”.