Џенифер Лопез и Бен Афлек очигледно сè уште се во фазата на голема љубов, која ја покажаа на црвениот тепих на премиерата на новиот акционен трилер „Мајка“.
На филмскиот настан славниот пар си разменуваше бакнежи додека позираше пред бројните фоторепортери.
Холивудската дива изгледа беспрекорно како и секогаш на црвениот тепих во дводелен костим составен од макси здолниште со висок струк и ултрадолго палто над кроп-топ.
Инаку, во новиот филм, Џенифер го глуми насловниот лик – поранешна жена убиец која е присилена да го напушти животот што го создала за себе откако прекинала со опасната професија за да ја заштити својата отуѓена ќерка.