Џенифер Лопез објави видео во секси долна облека, очекувано видеото предизвика „хаос“ на социјалните мрежи.
Во видеото „жешката“ латиноамериканка позира во градник и гаќички, со што го најавува Денот на вљубените, но и соработка со престижен бренд кој се фокусира на долна облека.
Во септември минатата година, ѕвездата беше најавена како глобален бренд амбасадор за долна облека.
На 14 февруари Џенифер Лопез Денот на вљубените ќе го слави со Бен Афлек. Во јули минатата година се венчаа 20 години по првата свршувачка. Овој брак беше четврти за Лопез.