Во новата сезона на серијата „The Morning Show“, Анистон се појавува целосно гола во една секс сцена. Таа е прикажана на кревет во спалната соба додека без ништо на себе лежи со колегата Џон Хем (52).
Џенифер во серијата го толкува ликот на водителката на вести Алекс Леви, додека Хем го игра Пол Маркс, технолошки милијардер. Во најновата епизода на третата сезона, Алекс го интервјуира Пол во неговата луксузна вила, а напнатиот и тежок разговор доведува до искра помеѓу нив двајца, па набрзо по интервјуто завршуваат заедно во кревет.
Во врелите, интимни сцени, актерскиот пар во целост се разголел, а Џенифер Анистон изгледа подеднакво сензационално како и пред 20 години, кога се разголе во комедијата „The Break Up“ во 2006 година.
so you wake up with jennifer aniston naked on top of you so what pic.twitter.com/SZJSJMOZSk
— anna (@ilyjenanist) October 11, 2023
Ѕвездата од серијата „Friends“ неодамна откри како успева да остане во таква импресивна форма и покрај зрелите години.
Џен навела четири главни правила по кои живее: „Пијам многу вода, секојдневно се движам, се трудам да јадам свежа храна и спијам колку што можам повеќе“.
„Оваа последна ставка е предизвик за мене, но е многу важна. Го чувствувам тоа кога не се одморам доволно. Со сето тоа, се трудам да бидам многу внимателна што пуштам во мојот простор. Нашиот свет проаѓа низ некои предизвици и знам дека на сите се грижиме, но понекогаш мислам дека е императив да се оттргнеме од таа „врева“ околу нас“, додала таа.
Оваа жешка сцена ги обиколи социјалните мрежи, а фановите на Џен тврдат дека изгледа фантастично и дека е премногу згодна, но од друга страна, многумина ја обвинуваат дека користи технологија која ги подмладува ликовите на актерите на екранот.
„Невозможно е на ТВ секогаш да изгледа како да е во своите 50-ти години“, гласи еден од таквите коментари.